Xiaomi Mi 10 lинијата во моментов се состои од осум телефони: Mi 10 5G, Mi 10 Pro 5G, Mi 10 Ultra, Mi 10T 5G, Mi 10T Pro 5G, Mi 10 Lite 5G, Mi 10T Lite 5G и Mi 10i 5G. Со исклучок на последните три модели, сите останати ги покренува Snapdragon 865 чипсетот.
Сега пристигнуваат информации дека кинеската компанија работи на нова Mi 10 варијанта, која ќе го користи неодамна претставениот Snapdragon 870 чипсет.
Информацијата ја објавена сигурниот дојавувач Digital Chat Station, кој не споменува други детали за новиот Mi 10 модел, но сугерира дека ќе чини околу 540 долари.
Snapdragon 870 SoC практично ги задржува сите главни карактеристики на Snapdragon 865+ чипот, со тоа што главното јадро има такт од 3,2 GHz.