Google најави некои поголеми подобрувања за Chrome 88, а ова ги вклучува и двете напредни функции – пребарување на табови и подобрена заштита за лозинки.
Заштитата за лозинки е корисна функција, а една од опциите во нејзините рамки овозможува лесно преправање на слабите лозинки. Ажурирањето ќе идентификува кога лозинката е слаба и ќе им даде на корисниците на Chrome можност да креираат и складираат многу посилна лозинка.
Покрај тоа, Chrome 88 ќе го олесни ажурирањето на поголем број кориснички имиња и лозинки на едно место. Во Поставките на Chrome на десктоп и iOS, корисниците ќе можат да управуваат со зачуваните лозинки. Истата опција наскоро ќе биде достапна и за Android.
Другите исправки и подобрувања за Chrome 88 вклучуваат подобра поддршка за темната тема во Windows 10, помалку нападни барања за одобрување, нов Chrome flag за пребарување на табови и друго. Исто така, Chrome веќе не поддржува FTP URL-адреси.
Google истакнува дека во текот на 2021 година ќе го промени начинот на кој екстензиите им пристапуваат на податоците и како функционираат дозволите на сајтовите кога е инсталирана екстензија. Исто така, ќе бидат познати повеќе детали и за тоа.
Новиот Chrome 88, според наводите на Google, ќе биде достапен во следните недели.
Поврзани артикли