Гугл ја претстави својата апликација Datally, што ќе Ви кажува кои програми на Вашиот смартфон трошат најмногу интернет.
Програмата ќе може да им покаже на корисниците кои апликации во телефонот црпат најмногу податоци и да предлага WiFi мрежи во близина. Има и опција за прекинување на преност на податоци за одредена прогама.
Datally е дел од инцијативата „Наредните милијарда корисници“ на Google, која има за цел ограничување на непотребниот интернет сообраќај.
Самата апликација ќе зафаќа само шест мегабајти простор во телефонот.