Ковид-19 се манифестира на различни начини, а некои од симптомите кои можат да укажат на сериозноста на болеста се кријат во устата на пациентите.
Симптомите кои предупредуваат на инфекција со коронавирус и почеток на Ковид-19 болеста од почетната висока температура и аносмија се прошириија на цела низа посилни и послаби. Иако лекарите се уште истакнуваат дека сувата кашлица, недостатокот на воздух, високата температура, општата малаксаност и аносмија (губење на чувство за мирис и вкус) се најчестите индикатори на болеста, се почесто се јавуваат и некои не толку вообичаени симптоми.
Британскиот научник, професор по генетска епидемиологија на Кралскиот колеџ во Лондон, Тим Спектор, предупреди на симптом кој се јавува се почесто, а не е наведен на „официјалната листа“ на симптоми.
Едно од пет лица со Ковид-19 и натаму има помалку познати симптоми кои не се наведени на официјалната листа – како осип. Забележавме и се поголем број „Ковид јазици“ и чудни рани во устата. Ако имате чудни симптоми или само главоболка и умор, останете дома!“, напиша Спектор на својот Twitter профил.
One in five people with Covid still present with less common symptoms that dont get on the official PHE list – such as skin rashes. Seeing increasing numbers of Covid tongues and strange mouth ulcers . If you have a strange symptom or even just headache and fatigue stay at home ! pic.twitter.com/V04CiZNilK
— Tim Spector (@timspector) January 13, 2021
Иако за симптомите на Ковид-19 во усната шуплина ретко не се зборува, научниците во неколку наврати предупредуваа на невообичаени нарушувања, што пациентите кои страдале од Ковид-19 ги пријавуваат неколку месеци по болеста.
Во една статија објавена во Perio-Implant Advisory се наведени петте најчести симптоми на Ковид-19 на кои стоматолозите и ортодонтите треба да обрнат внимание. Тоа се првенствено гингивитис, односно воспаление на непцата, за кое постои сомневање дека влијае на сериозноста на Ковид-19 болеста кај некои пациенти. Потоа, тука е сувата уста, што се јавува поради отежнатото дишење, но и поради инфекција на плунковните жлезди со коронавирус. Предупредуваат на чирови во усната шуплина до кои доаѓа поради нарушувања на циркулацијата и оштетување на крвните садови во текот на Ковид-19 болеста.
Предупредуваат и на голем број пациенти кои доаѓаат со искршени заби поради зголемената манифестација на бруксизам, односно стискање на вилицата и забите, а која се јавува како резултат на зголемениот стрес предизвикан од пандемијата. На крајот, предупредуваат и на веќе добро познатото губење на чувството за мирис и вкус, за кое е утврдено дека се јавува во просек кај половина од заболените.