Хирург од клиниката за трауматологија, Британи Бенкхед-Кендал вели дека белите дробови кај пациентите кои прележале Ковид-19 изгледаат многу полошо отколку белите дробови на пушачите.
Доцентката на Тексашкиот универзитет, д-р Бенкхед-Кендал лекува пациенти со коронавирус од почетокот на пандемијата во март.
„Белите дробови кај пациентите кои прележале коронавирус изгледаат полошо отколку бели дробови на било кој пушач кои некогаш сме ги виделе“, напишала докторката на Твитер и додала: „И белите дробови колабираат, отежнатото дишење продолжува и продолжува“.
Британи истакнала дека вниманието на научниците треба да се насочи кон долгорочните последици на вирусот.
Коронавирусот често предизвикува компликации како воспаление на белите дробови, при што се таложат течности во овој орган. Кога белодробните крила се исполнети со течност, тие не можат да примаат многу кислород поради што се јавува кашлица и отежнато дишење. Покрај тоа, студиите откриле оштетување на епителните клетки кај пациентите со Ковид-19, од носот до белите дробови, пишува „Daily Mail“.
Докторката вели дека рендгенските снимки на сите нејзини пациенти кои имале симптоми на Ковид-19, покажале сериозни оштетувања. Кога станува збор за асимптоматските случаи, 70 до 80 отсто од нив имале „лоши“ рендгенски наоди.
Британи Бенкхед-Кендал напоменала дека и понатаму поединечни луѓе говорат дека се чувствуваат добро, а потоа со рендген се регистрираат проблемите на нивните бели дробови.
За да покаже како вирусот влијае на белите дробови, споредила снимки на здрави бели дробови, бели дробови на пушач и бели дробови на лице кое прележало коронавирус.
Рендгенската снимка на здравото лице покажува голема количина на црн простор, што значи дека може да се вдиши голема количина воздух.
Рендгенската снимка на пушач покажува бели линии и замагленост, што укажува на воспаленија и оштетувања на ѕидовите на белите дробови.
На рендгенската снимка на пациент кој прележал коронавирус се гледаат бели „облаци“, што говори за тоа дека тие се полни со течност, бактерии или клетки на имунолошкиот систем. Лицата со вакви бели дробови не можат да вдишат онолку кислород колку што му е потребен на овој орган за нормално функционирање.