Минатиот месец, познатиот Apple аналитичар, Минг-Чи Куo потврди дека компанијата од Купертино годинава ќе објави MacBook Air и 13-инчен MacBook Pro со mini LED дисплеј и M1 чипсет. Сега имаме повеќе детали за MacBook Pro моделите со екрани од 14 и 16 инчи, кои ќе добијат поголем редизајн.
Куо истакнува дека новите премиум модели ќе имаат дизајн со квадратни рабови од горната и долната страна. Покрај тоа, на двата Pro модела ќе се врати MagSafe конекторот за полнење, кој последен пат го видовме на Mac лаптопите во 2017 годинa.
Аналитичарот предвидува и дека целосно ќе биде отстранет опционалниот OLED TouchBar, а сите нови MacBook Pro модели, наместо него ќе добијат физички функциски копчиња.
Куо напоменува и дека изборот на портови ќе биде побогат. ARM процесорот со Apple дизајн ќе биде единствената опција за нови MacBook Pro лаптопи. И двата модела ќе користат сличен систем за одведување на топлината како сегашната 16-инчна верзија. Не е споменато дали новите 14 и 16-инчни модели ќе имаат mini LED дисплеи, но Куо сугерира подобрени екрани со зголемена осветленост и унапреден контраст.
Поврзани артикли