Motorola на почетокот на неделата го најави новиот Edge S телефон, кој ќе биде објавен со неименуван чипсет од Snapdragon 800 серијата. Гласините тогаш укажуваа на најновиот Snapdragon 888 или минатогодишниот 865 чип. Сепак, дојавувачот Digital Chat Station сега известува дека станува збор за целосно нов чипсет.
Името на чипсетот, како и неговите детални спецификации, не се познати. Еден од можните одговори би можел да биде претходно протечениот чипсет Snapdragon, со кодно име Shima. Чипот би требало да е креиран во 5nm процес на Samsung, a го користи Cortex A78 јадрото @2,7 GHz. Постојат уште три јадра A78 @2.36GHz и четири Cortex A55 јадра @1.8GHz. SoC би требало да има и Adreno 660 GPU, како и поддршка за LPPDR 5 RAM и UFS 3.1 меморија.
Motorola China објави уште еден тизер за телефонот, а фокусот е всушност на чипсетот. Можно е наскоро да следи голема најава, а дотогаш ќе го следиме развојот на ситуацијата кога станува збор за Motorola Edge S.