„Црни кутии“ налик на оние во авионите многу брзо може да најдат примена и во автомобилите. Но, веројатно за многумина уште поинтересно, во секое возило ќе биде задолжителното инсталирање на GPS ограничувач на брзината и тоа многу скоро – некои информации сугерираат дека тоа може да се случи веќе во 2022 година (на нови возила), односно од 2024 година (како инсталација на постари возила)!
Новите мерки кои треба да се однесуваат на возилата се предложени од Европската комисија уште минатата година, за сега Одборот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите сето тоа и да го изгласа. Покрај овие две мерки, ќе треба да се воведат и поинакви краш тестови, инсталација на нов систем за помош на возачот, а кој вклучува автоматско сопирање во итни случаи (наречено AEB), откривање на велосипедисти и пешаци и таканаречениот ISA – интелигентен систем за брзо возење. Тука е и системот за подобра видливост на автобусите и камионите и систем за задржување на возилата во сообраќајната лента.
Најинтересно за многумина би било вградувањето на GPS лимитери на брзината. За што всушност станува збор? Станува збор за системот ISA, интелигентен систем за брзо возење кој ќе испрати предупредувања до возачот во случај на пребрзо возење и ќе го наведе самиот да ја намали брзината на возилото. Доколку возачот не го стори ова, системот автоматски би ја намалил моќноста на моторот до пропишаната брзина. Како би го сторил тоа? Исто како што нашите GPS системи работат преку сателит, така и овој систем би функционирал на сличен начин. Имено, тој преку GPS ќе прочита колку е ограничувањето на брзината во одредена област и соодветно на тоа ќе ја ограничи брзината на вашето возило доколку не го ограничите сами откако ќе ве предупреди системот за тоа неколку пати.
Кога возачот ќе вози над ограничувањето на брзината неколку секунди, системот ќе му испрати порака, нешто како: „Бип – сигнал, но и визуелен сигнал. Ако возачот се оглуши на ова, следува автоматско намалување на брзината. Сè треба да се случи во рок од неколку секунди, бидејќи и самите знаеме дека секундите се клучни во многу ситуации на патиштата.
Сепак, иако се шпекулира дека овој систем треба да се најде во автомобилите веќе во 2022 година, со цел одлуката да стане валидна, за неа мора да гласаат Европската комисија, Европскиот парламент и сите земји-членки. Се претпоставува дека оваа мерка значително ќе ја зголеми безбедноста на патиштата низ Европската унија и ќе спаси околу 25.000 животи во следните 15 години, односно ќе го намали бројот на судири за високи 30 проценти!
Извор: Додај Гас