Twitter „трајно суспендира“ 70.000 профили поврзани со про-трамповското движење QAnon за да спречи социјалната мрежа во иднина да се користи за насилни цели, како што беа организирањето на немирите во Вашингтон од минатата недела.
Twitter „чистаката“ ја спроведе уште во петокот, почнувајќи со блокадата на налогот на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Овие налози во голема мера споделуваа опасни содржини поврзани со движењето QAnon. Тие главно беа посветени на ширењето теории на заговор”, се наведува во соопштението на Twitter, што беше објавено синоќа.
Многу корисници имаа повеќе налози, така што бројот на суспензии е голем, додаде социјалната мрежа.
Социјалните мрежи Twitter и Facebook минатата недела го суспендираа налогот на американскиот претседател во заминување поради неговите коментари во врска со упадот во американскиот Конгрес. Двете компании направија чекор без преседан по насилството на приврзаниците на Трамп во Вашингтон.