Samsung Galaxy S21 линијата телефони ќе биде претставена на 14 јануари, а покрај објавата, се појавија и официјалните маркетиншки рендери на S21 моделите. Промотивните фотографии не откриваат нови информации, но ги потврдуваат деталите што претходно протекоа во врска со дизајнот.
Galaxy S21, S21+ и S21 Ultra ќе имаат punch-hole екрани. На задната страна, стандардниот и плус модел ќе користат системи со три камери, додека Ultra моделот ќе има систем со четири камери (со ласерски AF сензор).
Samsung официјално не објави премногу за претстојната линија смартфони, но во претходните недели и месеци имавме голем број протечени информации, па ќе биде интересно да се види дали јужнокорејската компанија може да не изненади со уште некои детали што не излегоа во јавноста.
Поврзани артикли