Маријанската Бразда е најдлабокото место на планетата Земја, со измерени 10.994 метри длабочина, но дури и таму каде не стигнуваат сончевите зраци, опстануваат форми на живот.
Благодарение на малите роботизирани подморници, научниците успеаја да уловат неколку риби на длабочина од 7.966 метри и ќе ги анализираат за прв пат досега.
Научниците се надеваат дека анализите ќе откријат како рибите успеваат да преживеат на таа длабочина, а научниците од Универзитетот на Вашингтон направија и компјутерска томографија за да откријат што јаделе последно овие риби.
Видот риби Pseudoliparis Swire, што припаѓаат на редот Scorpaeniformes, го добиле името по Херберт Сваер, офицер на бродот „HMS Challenger“ што прв ја открил Маријанската Бразда.
Рибите живеат на длабочина каде притисокот е 1.000 пати поголем отколку на површината на морето, а научниците го споредуваат тој притисок со чувството кога слон би ве згазнал на палецот од ногата.
Најголемата длабочина на која биле најдени вакви риби била 8.178 метри, што е за 20 метри подлабоко од најниската длабочина на која е возможно нормално функционирање на клетките.
Една од предностите на живите организми на овие длабочини е тоа што немаат природни непријатели.
Извор: B92.net