Оштетувањата што ги забележаа обично биле поврзани со мозочни удари и воспалителни болести на нервниот систем.
Новиот коронавирус не мора директно да продре во мозочното ткиво за да го оштети, покажува новата студија, што ја пренесува британската новинска агенција Ројтерс.
Научниците го проучувале мозокот на 19 пациенти кои починале од Ковид-19, фокусирајќи се на ткивните региони за кои се верува дека се многу подложни на продор на вирусот. Се работи за мирисниот дел bulbus olfactorius, што го контролира чувството за мирис и мозочното стебло кое ги контролира дишењето и работата на срцето.
Кај 14 пациенти, едниот или двата региона содржеле оштетени крвни жили, некои биле запушени, а некои пропуштале. Овие подрчаја на пропуштање биле опкружени со воспалително изменето ткиво, како резултат на имунолошкиот одговор на организмот, утврдиле научниците.
Научниците не пронашле докази за присуство на самиот вирус, напишаа во трудот објавен во списанието New England Journal of Medicine.
„Бевме целосно изненадени“, истакна коавторот на истражувањето, др. Авиндра Нат од Националниот институт за невролошки болести и мозочен удар.
Оштетувањата што ги забележа неговиот тим вообичаенои биле поврзани со мозочни удари и воспалителни болести на нервниот систем.
„Нашите досегашни резултати сугерираат дека оштетувањата можеби не се предизвикани од директното продирање на САРС-CoV-2 вирусот во мозокот“, вели др. Нат.
„Во иднина, планираме да проучиме како Ковид-19 ги оштетува крвните садови во мозокот и дали произведува некои краткорочни и долгорочни симптоми што ги гледаме кај пациентите.