Иако станува збор за пилот проект, во индискиот град Мумбаи е поставен семафор кои возачите ќе го забележат дури и од поголема оддалеченост, а станува збор за LED светла поставени на самиот столб, кои светат со иста боја како и светлото на самиот семафор.
Со подобрување на видливоста на семафорите и зголемување на осветлената површина на раскрсниците и патиштата, покрај функционалната предност, доаѓа до израз и дизајнот, кој доколку е потребно, може да се синхронизира со системот за сообраќајна сигнализација.
Засега е поставен само еден таков семафор на раскрсница во областа Worli Sea Face во Мумбаи, а кој ќе им помогне и на мотоциклистите порано да го видат светлото во лоши услови на видливост. BMC (Brihanmumbai Municipal Corporation) на овој начин планира да обезбеди и други сообраќајни раскрсници во градот со повеќе од 12 милиони жители. Еден од следните чекори е и еколошки – инсталирање на соларни панели со што проектот ќе стане самоодржлив.