MSI во текот на претстојниот CES 2021 саем ќе претстави голем број различни производи, меѓу кои се и два монитора. Oculux NGR253R и MPG Artymis 343CQR се наменети за гејмерите, нудат високи стапки на освежување, брз одзив и Adaptive Sync.
Oculux NXG253R има 24,5-инчен Rapid IPS панел со FullHD резолуција, брзина на освежување од 360Hz и 1ms G2G одзив. Во прашање е G-Sync монитор, со вграден Nvidia Reflex Latency Analyzer за тестирање на брзината на мониторот. Од конекторите се достапни 2x HDMI 2.0, DisplayPort 1.4 и неколку USB портови.
MPG Artymis 343CQR има 34-инчен дисплеј, со закривеност од 1000R, UWQHD резолуција (3440x1440p), 1ms одзив и брзина на освежување од 165Hz. Мониторот го карактеризира Adaptive Brightness 2.0, NightVision AI, Smart RGB и AI Crosshair за подобро гејминг искуство.
MSI ќе ја одржи својата презентација како дел од CES 2021 виртуелниот саем на 13 јануари.