Американскиот советник за национална безбедност Метју Потинџер тврди дека „најточна“ теорија за потеклото на коронавирусот е дека вирусот „побегнал“ од лабораторија во кинескиот град Вухан.
Потинџер ова наводно го рекол за време на неодамнешен состанок со британски високи функционери на Zoom апликацијата.
„Постои сè поголем број на докази дека лабораторијата е најверојатниот извор на вирусот“, рекол Потинџер, пренесува британски Daily Mail.
Тој наводно рекол дека дури и кинеските лидери сега признаваат дека нивните поранешни тврдења дека вирусот потекнува од пазар за диви животни во Вухан се лажни. Според него, вирусот можеби побегнал или по грешка „протекол“ од лабораторијата во кинескиот град.
'Growing body of evidence' shows COVID-19 leaked from Chinese lab: US official https://t.co/gEjdOmAdcM pic.twitter.com/savTlHIuTh
— New York Post (@nypost) January 3, 2021
„Дури и функционерите во Пекинг сега отворено ја отфрлаат теоријата за пазарот“, изјави тој.
Оваа изјава пристигнува во моментите кога експерти од Светската здравствена организација се подготвуваат да отпатуваат во Вухан за да го истражат почетокот на пандемијата.
Потинџер наводно уште на самиот почеток од избивањето на пандемијата на коронавирусот изразил сомнеж дека вирусот потекнува од лабораторија. Тој на американските разузнавачки служби им наредил да побараат докази во врска со тоа, пренесува New York Times.
Извор: Novosti.rs