Доколку планирате да ја играте Witcher 3 на PC, дефинитивно мора да му дадете шанса на проектот на Halk Hogan.
Овој мод ја воведува играта во ерата на Ultra HD и нуди подобри и поквалитетни текстури, подобрени модели на ликовите во повеќето региони во рамките на видеоиграта. Сите корисници на современи графички карти мораат да го тестираат овој мод.
На видеото што можете да го видите подолу, Halk Hogan ги претставува подобрените модели и текстури за храната, пијалоците и животните.
HD Reworked Project NextGen (целосно име на проектот) дефинитивно ќе ги подобри визуелите на Witcher 3 и повеќе нема да гледаме лоши текстури и модели со малку детали.
Креаторот напомена дека чека одговор од CD Projekt RED за можна соработка, кога ќе дојде време ажурирање на играта за конзолите од новата генерација PS5 и Xbox Series X/S и PC. Подобрените текстури на Halk Hogan може да станат официјална содржина, но компанијата во моментов има други проблеми за решавање.
Во моментов, HD Reworked Project на Halk Hogan за The Witcher 3 е нешто поблизу до Ultra HD remaster за корисниците на PC. Ако сакате да го тестирате овој мод, преземете го на оваа страница, а креаторот вети дека нови подобрувања и дополнувања ќе пристигнат и следната година.
Извор: B92.net