Во текот на 2020 година имавме можност да ги видиме првите телефони кои нудат опција за полнење на батеријата од над 100W, а овој тренд се очекува да продолжи и во текот на 2021. година.
Нов сертификат на 3C листингот во Кина открива дека во подготовка е 135W полнач на Huawei, со ознака на моделот HW-200675CP0.
Може да се види дека моделот поддржува 5V /3A полнење до 220V/6,75A, што укажува на 135W стапка на полнење. Најмоќниот што Huawei моментно го нуди е Huawei SuperCharge со поддршка за полнење од 66W, така што новиот полнач би му помогнал на брендот да ги достигне компаниите како Xiaomi или iQOO, кои веќе нудат телефони што доаѓаат со полначи од 120W во пакетот.
Врз основа на претходните гласини, новиот полнач од 135W би можел да дебитира со претстојната Huawei P50 линија смартфони.