Аукциската куќа Gooding & Company во 2020 година продаде возила во вредност од 125 милиони долари, од кои повеќето се стари модели.
Највисока цена достигна Bugatti Type 59 Sports од 1934 година, продаден за дури 12.681.550 американски долари, иако оваа цена е за милион долари помалку тоа што продавачот барал.
Станува збор за спортски модел од францускиот производител што се појавил за првпат во 1922 година, а во следните години учествувал на разни трки во Гранд При и постигнал одлични резултати. Овој автомобил триумфирал на Спа патеката во Белгија, додека на трката во Монако завршил трет.
Потоа, 1934 Bugatti Type 59 Sports, обоен е во црно и пуштен во продажба. Негов прв купувач е кралот Леополд III, а подоцна возилото заврши во посед на уште четворица колекционери кои се најодговорни за тоа што овој тркачки автомобил е во така добра состојба.
Во видеото може да видите како 1934 Bugatti Type 59 Sports и понатаму лета по патот, но и да дознаете уште занимливости за автомобилот кој е продаден по највисока цена во 2020 година.