Благодарение на страницата WinFuture, имаме прв увид во 870 EVO серијата на SSD дискови на Samsung. Во прашање се брзи SATA уреди за складирање, со капацитет од 250 GB, 500 GB, 1TB, 2TB и 4TB.
Иако Samsung сè уште официјално не ја објави 870 EVO серијата, дизајнот на пакувањето сугерира дека драјвот ќе биде побрз од неговиот претходник (860 EVO) и ќе нуди 10 Mbps зголемување на брзината на читање и запишување на податоците. Како што може да се види на фотографијата, SSD нуди брзина од 560 Mbps за читање и 530 Mbps за запис на податоци.
Како и повеќето модерни SATA SSD уреди, многу аспекти на Samsung 870 EVO моделите ќе бидат лимитирани на 6Gbps преку SATA III интерфејсот. Сепак, останува да се види колку 870 EVO ќе биде побрз од својот претходник во реалната работа.
Не е познато кој тип на NAND, Samsung користи во новиот SSD. TLC NAND беше дел од претходната EVO серија, но Samsung би можел да користи поинаков тип на NAND меморија за новата серија.