Samsung се подготвува да направи пресврт во својата линија смартфони за 2021 година, почнувајќи со поддршката за S-Pen кај Galaxy S21 серијата во јануари. Од друга страна, Galaxy Z Fold3 ќе биде вистински премиум телефон на компанијата во текот на втората половина на годината, а сега имаме неколку информации за наследникот на Galaxy Z Flip (5G) моделот.
Извештајот сугерира дека Samsung може да го опреми следниот Z Flip модел со чипсет од средниот сегмент, со што телефонот би го направило најприфатлив флексибилен модел на компанијата досега.
Galaxy Club укажува на бројот на моделот, кој наводно му доделен на идниот Galaxy Z Flip: SM-F720F. Додека F означува дека овој модел претставува меѓународна варијанта, отсуството на буквата означува дека моделот нема да има поддршка за 5G.
Објавувањето на 4G модел е знак дека основниот Z Flip ќе биде позициониран под неговите претходници, кои користеа Snapdragon 800 чипови. Galaxy Z Flip по објавувањето чинеше 1.449 долари, додека цената на моделот Z Fold2 беше 1999 долари. Останува да видиме каква цена ќе има Samsung Z Flip3.