Колектив Зет, здружение кое делува за климатска и социјална правда, во соработка со Смарт-Ап, лабораторијата за социјални иновации, ја креираа дигиталната платформа, Зелен глас, која е достапна за сите граѓани и здружениjа.
– Со платформата ќе им биде овозможено на сите граѓани, организации, институции, иницијативи и сл, да бидат вклучени во креирањето на националниот Зелен договор преку искажување на своето мислење (визија) за идеалната заедница во која би сакале да живеат во 2030 година, појаснуваат од здружението.
Целта на Колектив Зет е да ги повикаат граѓаните на акција со цел да се изнајдат конкретни решенија за проблемите во нашето општество.
Врз база на собраните податоци ќе се креираат насоки и договори кои ќе бидат доставени до релевантните национални владини и невладини институции, одлучувачки тела и Парламентот, со цел да се изврши притисок за соочување и справување со проблемите.
За повеќе информации за оваа иницијатива како и за платформата на Зелен глас, може да се прочита на https://www.zelenglas.mk/.