Алергиски реакции, осип на кожата, јадеж, краток здив, се многу чести појави при давањето вакцина, изјави хрватскиот научник и член на владиниот Научен совет Драган Приморац.
Еден ден откако започна вакцинацијата во Велика Британија, почнаа и првите несакани ефекти. Луѓето со тешка алергија не треба да примаат вакцина затоа што двајца здравствени работници имале алергиски реакции. Извештаи за нус појави доаѓаат и од САД. Четворица учесници во клинички испитувања доживеале реакција за форма на делумна и привремена парализа на лицето, потсетува Хина.
– Постојат две клучни работи. Екстремно силна алергиска реакција се појави кај луѓе кои имаат историја на болест на која реагирале премногу бурно и развиле специфична реакција. Тие имале покрај себе адреналин затоа што знаеја што им треба. Во спротивно тоа може да биде реакција опасна по живот, рече Приморац, кој е педијатар субспецијалист по медицинска генетика и експерт од областа на форензичка генетика. При госпувањето во емисија на РТЛ, тој додаде дека што се однесува до случаите во САД, парезата обично завршува во рок од три месеци без никакви проблеми. Тој истакна дека е важно да се евидентира сето ова.
– Кога го толкуваат тоа, велат дека е статистички нормално тоа што се случува кај населението. ЕУ има голема предност затоа што сме набљудувачи на она што се случува во Велика Британија и САД. Тоа е огромна предност, рече тој и додаде дека нема шанси европската агенција да дозволи вакцината да се администрира во ЕУ доколку се појават несакани ефекти со неочекуван интензитет.
Хрватскиот лекар и универзитетски професор ја објасни и разликата во вакцините. – Модерна и Фајзер користат целосно нова технологија, рече тој, додавајќи дека станува збор за технологија на информациона рибонуклеинска киселина.
– Молекулата не може да стори ништо ако таа генска порака не биде препишана на таа рибонуклеинска киселина. Таа на рибозомите им дава протеин, објасни Приморац, додавајќи дека идејата е штом вакцината се инјектира во мускул, таа влегува и се ослободува од липидната обвивка, влегува во клетката, но во цитоплазмата и веднаш започнува синтезата на протеините.
– Исклучително е важно да се каже дека според сегашните сознанија, оваа киселина не влегува во јадрото и не се интегрира во нашиот геном, рече Приморац, додавајќи дека основната порака е дека не може да ја промени нашата ДНК.
Приморац повтори дека стапката на вакцинација треба да биде над 70 проценти и додаде дека доколку не се постигне колективен имунитет, нема да се дојде до позиција кога може сериозно да се спречи ширењето на пандемијата ширум светот.
„Само вистината што доаѓа до луѓето може да ги разбие тие стравови, заклучи Приморац на госпувањето во емисијата РТЛ Директ.