Еден стар и многу сложен научен проблем поврзан со однесувањето и структурата на протеините добил решение по 50 години неуспешни обиди. Проблемот бил решен од страна на систем за вештачка интелигенција, што повторно покажува колку е важно местото на вештачката интелигенција.
Британската компанија „Дипмајнд“ со години демонстрира системи за вештачка интелигенција во игри како шах. Но во овој случај не станувало збор за забава. Проблемите во кои бил вклучен системот биле наоѓање нови начини за лекување на некои болести.
Научниците веќе 50 години се обидуваат да откријат како протеините формираат тродимензионални структури, а бројот на потенцијални начини бил толку голем, што решението изгледало невозможно. Проблемот станал познат како „проблем на преклопување на протеини“, а решението би донело револуција во медицината бидејќи на тој начин би можело да се забрза откривањето нови лекови.
Системот на „Дипмајнд“ конечно понудил решение, а во експериментот била користена технологија со која се предвидува молекуларната структура што се крие под преклопените делови од протеинот. Резултатите сè уште не се објавени, но заинтересираните може да прочитаат делови што се објавени за експериментот ТУКА.
Извор: PC Press