Во Романија се појавил мистериозен метален монолит само неколку дена откако ваква слична структура беше откриена во пустина во Јута, а потоа исчезна.
Монолитот висок 4 метри бил пронајден недалеку од древната тврдина и археолошкиот локалитет во градот Пјатра Неамт.
Фотографиите и видеата покажуваат дека структурата има голема сличност со монолитот кој се појави во Јута, а кој беше отстранет од страна на неидентификувана група луѓе минатата недела. Меѓутоа, романскиот монолит е декориран со скрипта која изгледа како да е изрезбана во неговиот метал.
На снимката се гледа како некој тропа по монолитот, при што се произведува звук кој укажува на тоа дека е шуплив.
This monolith found in Piatra Neamt in Romania is similar to the one found in Utah. Read more at our website: https://t.co/L6vPd5hjvI pic.twitter.com/4LP81Fa3fw
— LUFOS (@LatestUFOs) November 29, 2020
Рoманските власти ја истражуваат ваквата појава, а според зборовите на еден службеник, структурата е поставена во заштитено археолошко подрачје без потребно одобрение од министерството за култура.
Дали постои врска помеѓу двата монолита, сè уште не е познато, а тешко е да се поверува дека монолитот од Јута бил транспортиран во Романија.