Оксфордската вакцина која што се дава во две дози ќе чини 10 евра, a за неа ќе имаат приоритет одредени старосни групи.
Оксфордската вакцина против коронавирусот дава моќен имунолошки одговор кај луѓето кои што се во 60-те и 70-те години од животот, што буди надеж дека би можела да ги заштити добро најзагрозените старосни групи.
Научниците кои што работат на развојот на вакцината велат дека резултатите од втората фаза на клиничките испитувања, која што била спроведена кај 560 здрави доброволци се „охрабрувачки“ и дека моментално се работи на третата фаза на тестирањето на вакцината и дали тоа може да ја спречи заразата од коронавирусот. Прелиминарните резултати од третата клиничка фаза на испитувањето треба да бидат објавени наредната седмица.
Не се забележани значајни нуспојави
„Испитаници од сите три старосни групи кои што ја примија вакцината имаа слично ниво на неутрализирачки антитела и реакција на Т-клетки“, навеле истражувачите кои што работеле на вакцината и додале дека во текот на испитувањата не забележале никакви штетни здравствени проблеми, односно нуспојави.
Две седмици по втората доза, над 99 отсто од доброволците имале неутрализирачки антитела, додека пак по 14 дена од првата доза на вакцината, забележано било највисоко ниво на Т-клетки.
Цената на оваа вакцина ќе изнесува 10 евра за две дози, приоритет ќе имаат постарите луѓе од 65 години, здравствените работници и вработени во домови за стари лица.
Проблем со имунолошкиот систем кај постарите луѓе
Експертите во текот на развојот на вакцината требаше да се осигураат дека таа ќе делува кај постарите луѓе. Имено, вакцината има тенденции за издвојување на подобри реакции кај младите луѓе поради слабиот имунолошки систем кај постарите луѓе, пренесува „BBC“.
„Драго ни е што гледаме дека постарите луѓе не само што реагираа на вакцината туки имаа и сличен имунолошки одговор како и младите испитаници. Следниот чекор е дека имунолошкиот одговор ќе биде доволен за заштита од Ковид-19“, изјавил инфектологот Махеши Рамасами од Оксфорд.
Извор: Srbija Danas