Јапонците отидоа чекор подалеку во спречување на ширење на коронавирусот така што во една продавница во Осака поставија робот кој детектира купувачи кои не носат заштитна маска.
Роботот може да се движи низ продавницата и да ги услужува купувачите да пронајдат одреден производ, но и да држат физичка дистанца, стои во соопштението на Меѓународниот институт за напредни истражувања и телекомуникации.
Роботот има вградена камера која детектира несоодветно однесување како неносење маски или непочитување на физичка дистанца. Ако открие такво однесување, роботот ќе му пријде на купувачот и ќе го предупреди.
Јапонија е земја со околу 120.000 пријавени случаи на коронавирусот и скоро 2.000 смртни случаи од Ковид-19.
Извор: Klix.ba