Оделото е на електричен погон и може да произведува потисок до пет минути.
Летачките одела се најчесто нешта од научно-фантастичните филмови, но што ако тие постојат во реалниот живот? Во соработка со BMW и Designworks, пионерот во воздушните спортови Питер Салцман дизајнирал токму таков костум користејќи ги можностите на електричниот погон на BMW.
Салзман е професионален падобрански и BASE скокач кој честопати го користи крилото на костумот за да го подигне односот на лизгање и поголемо поминато растојание пред да мора да го отвори падобранот. Сонувал дека може да оди уште побрзо, а BMW и Designworks му помогнале да ја постигне оваа летачка цел со создавање на електричен костум.
Новиот костум му овозможува да достигне брзина од 300 km/h, додека „обичните крила“ костуми можат да постигнат само хоризонтална брзина од околу 100 km/h. Костумот се напојува со електрична опрема монтирана на градите, која произведува вкупна моќност од 15 kW, која се дели на два импелери од 7,5 kW (работат до 25,000 вртежи во минута) и произведуваат потисок до пет минути.
BMW објави видео во кое може да се види како Салцман го изведува првиот тест на електричниот костум со крила на 3.000 метри во Австрија. На Салцман му се придружиле уште двајца колеги со конвенционални одела со крила. Отпрвин сите тројца се упатуваат кон планинскиот врв, но сите други, освен Салзман, се принудени да се откажат од преминување на врвот на планината, бидејќи Салзман забрзува и го преминува врвот. Ова е прилично импресивен подвиг што треба да се види за да се поверува. За среќа постои видео.
Извор: Додај Гас