Американскиот универзитет MIT објави видео снимка од тренингот на „армијата роботи“.

Станува збор за машини познати како „мини гепарди“ кои можеме да ги видиме како играат фудбал, а потоа учествуваат и во игра чија цел е да се утврди како реагираат на команди. Роботите прават салто или се „истегнуваат“ и сето тоа го прават синхронизирано.

На видеото подолу можеме да видиме колку всушност напредна технологијата во изминатите години, но и да се запрашаме – каква всушност иднина најавуваат вакви роботи, посебно ако бидат наменети во воени цели?

Извор: B92.net