Минатогодишниот дрон DJI Mavic Mini можеби беше најмалиот и најлесен дрон на пазарот, но тие карактеристики не беа без ограничувања. Меѓутоа, сето тоа го поправа новиот DJI Mini 2 дрон.
Иако новиот дрон изгледа идентично на првиот, тежок е идентични 249 грама поради што не бара регистрација, сепак ја поддржува OcuSync 2 безжична поврзливост за 2,5 пати поголем досег и постабилна врска. Претходниот модел се потпираше на релативно осетливата Wi-Fi конекција.
Исто така, новиот дрон користи ист контролер како и новиот Mavic Air 2, но не поседува напреден систем за избегнување на пречки и следење, бидејќи има помалку сензори. Порад тоа и цената изнесува 449 долари.
Mini 2 може да снима 4K видео при 30 fps (100Mbps bitrate), додека претходно можеше да снима 2,7K видео при 25/30 fps (40Mbps bitrate). Исто така, можно е да се креираат RAW фотографии, додека претходно единствената опција беше JPG форматот. Сензорот се уште е мал, 1/2,3-инчи, така што не треба да се имаат преголеми очекувања. Сепак, дронот и натаму снима видео во 1080p резолуција при 60 fps.
DJI ги унапреди и моторите на дронот, а резултатот е подобро забрзување и погокема максимална брзина која изнесува до 58 км/ч во однос на претходните 47 км/ч. Батеријата трае 31 минута, минута подолго од претходно. Исто така, дронот би требало успешно да се носи и со ветар со брзина до 39 км/ч во однос на претходните 29 км/ч. Освен тоа, и цената е поголема за 50 долари.
Дронот DJI Mini 2 со контролер и една батерија чини 449 долари, додека Fly More Combo со вклучени три батерии, полнач и торба за носење чини 599 долари.