Рускиот доктор Равил Валијев, раководител на одделението за пулмологија на една болница во Казањ, познат е по своите контроверзни ставови.
Тој смета дека Русија ‘опасно’ го потценува бројот на заболени и дека луѓето се премногу опуштени.
„Гледав пациенти кои доаѓаа кај мене, а официјално немаа коронавирус. Потоа им беше направено рентген на белите дробови и имаа билатерална пневмонија што е типична за ковид. Дури кога ќе се направи серолошки тест и ќе се видат наодите на имуноглобините М и Г, јасно е дека станува збор за коронавирус. Токму затоа што луѓето доаѓаа со негативни тестови, не носев и јас целосна заштитна опрема и ете, затоа се заразив. Не можам да одбијам болен пациент на кој треба да му помогнам. Иако користев маски и ракавици, некаде инфекцијата успеала да помине“, рекол Валијев.
„Така ми доаѓаа нетретирани пациенти кои се лекуваа од обична пневмонија, а таквата терапија во случај на ковид е неефикасна. И потоа се создава магичен круг во кој лекарите поради негативните резултати на ПЦР тестот, ги лекуваат пациентите заболени од Ковид-19 сосема погрешно“, смета тој.
Пулмологот е познат по своите контроверзни ставови – на пример, кога советуваше дека грлото треба да се испира со 70% алкохол, но не во вечерните часови, за ‘сообраќајната полиција да не мисли дека сте пијани’.
Исто така смета дека маските не помагаат, бидејќи ‘оној кој кашла под маска може да пренесе честички’.
„Сакале ние или не, државата вели дека мора да носиме маски и ракавици. Другата работа е што овие маски до одреден степен го намалуваат вирусното оптеретување кај здравите луѓе. Во таква ситуација, дури и ако некое лице се зарази, постои мала количина на вирусот. Потоа болеста е полесна и не доаѓа до пневмонија“, истакнува Валијев.
Извор: Telegraf.rs
Поврзани артикли