Ли Кун Хи, првиот човек на јужнокорејскиот гигант, компанијата Samsung, почина на 78-годишна возраст во Сеул.
Ли е заслужен за трансформација на малиот бизнис основан од неговиот татко во денешен Samsung, глобален економски гигант кој работи во области од производство на електроника, преку осигурување, до транспорт.
Ли беше најбогатиот Јужнокореец со проценето богатство од околу 21 милијарда долари, според списанието Forbes. Точната причина за смртта не е наведена.