Бројот на новодијагностицирани пациенти од коронавирусот во светот е во пораст, а има многу повеќе луѓе кои што како последица на Ковид-19 завршуваат во болница.
Освен коронавирусот, ладниот период од годината носи свој ризик и од сезонските болести и грипот.
„Знаеме дека сите се веќе изморени од Ковид, но не е време да се откажеме од заштитните мерки“ – изјавил Џон Вајт.
Д-р Вајт навел и кои се најлошите работи кои што може да ги направите во текот на пандемијата:
Одење на работа доколку се чувствувате лошо
„Не бидете во близина на други луѓе, особено доколку се чувствувате лошо. Можеби сте заразени со Ковид-19 дури и пред да бидете позитивно тестирани на истиот, па затоа слушајте го вашето тело. Доколку не се чувствувате добро, останете дома во кревет“ – порачал докторот.
Неправилно носење заштитна маска
Многумина заштитната маска ја ставаат само на устата, но не и на носот. Така респираторните капки можат да се шират и носењето маска не е ефикасно како превенција на заштита од вирусот.
Одење на поголеми собири, особено во затворен простор
„Одењето на настани на кои што има над 50 луѓе или пак повеќе, без дистанца и заштитна маска е опасна игра“ – истакнува Вајт.
Јадење храна од шведска маса
Рестораните кои што послужуваат храна на шведска маса не се идеална опција. Околу шведската маса може да се создаде метеж, а можеби некој од луѓето веќе е заразен од Ковид и респираторните капки лесно можат да стигнат до вас или храната која што е на масата.
Мислите дека лекот е тука
„Иако има напредување откако коронавирусот се појави во светот, не треба да се надевате дека решението е тука“ – заклучил Вајт.