Бактеријата E. coli (Escherichia coli) ќе биде испратена на Меѓународната вселенска станица (ISS). Истата ќе биде дел од товарот на најновото лансирање на ракета кон ISS.
Екипажит на Меѓународната вселенска станица ќе проучува како микрогравитацијата влијае на способноста на E. coli да се размножува. Како што е наведено, мисијата, исто така, ќе го испитува отпорот на бактериите на антибиотици.
НАСА забележа дека имуниот систем на астронаутите во микрогравитацијата е ослабен, па E. coli е исклучително опасна за нив. Со помош на експериментот, научниците се надеваат дека ќе најдат ефективни средства за заштита на здравјето на екипажот за време на долги летови.