Samsung официјално го претстави Galaxy F41 телефонот, кој е дизајниран и произведен во Индија, а маркетиншката порака „Full On“ јасно става до знаење дека е наменет за помлада публика.
Galaxy F41 се одликува со голема батерија со капацитет од 6000mAh, што е способна да поддржи репродукција на видео до 26 часа, неколкудневни телефонски повици или 21 час исклучиво прелистување на Интернет.
Телефонот има 6,4-инчен Super AMOLED дисплеј со 1080p+ резолуција и ветува 110% покриеност на NTSC спектарот на бои и максимална осветленост од 420 нита. F41 работи со познатиот чипсет Exynos 9611 (4x јадро A73, 4x A53 јадро, Mali-G72 MP3 GPU). Оперативниот систем е Android 10 со One UI Core 2.1 интерфејс.
Galaxy F41 доаѓа со 6 GB RAM и 64 GB или 128 GB простор. За microSD и две СИМ-картички е присутен троен слот за картички.
Кога станува збор за камерите, F41 има 64MP главен сензор на задната страна. Главната камера може да снима 4K видео и нуди неколку режими на сликање. Исто така, постои и ултра широкоаголна камера од 8MP, Live Focus камера (сензор за длабочина), додека селфи камерата има 32MP. На задната страна има и сензор за отпечатоци од прсти.
Телефонот доаѓа со полнач од 15W, и потребни му се два часа и 40 кинути за да се наполни до врв. Galaxy F41 ќе се најде во продажба од 16. октомври во Индија, сè додека не биде објавена глобалната достапност.