Бродот „Gribshunden“ потонал недалеку од крајбрежјето на Шведска во 1495. година.
Поминаа повеќе години од откритието на бродот кој што пет векови лежел на дното на Балтичко море, но археолозите и понатаму ги немаат сите одговори.
Бродот потонал недалеку од крајбрежјето на Шведска во 1495-та година, а во него била откриена фигура на мистериозно животно – змеј со уши на лав и крокодилска вилица. Застрашувачки е фактот што забите потсетуваат на човечките.
„Тоа е некакво морско чудовиште, но мора да истражиме за кој вид станува збор“ – признал збунетиот професор по поморска археологија, Џон Ронби.
Претставници на музејот Блекинг во Шведска, тврдат дека бродовите со вакви прикази на животни, не се забележани во историјата.
„Такво нешто досега не сме виделе. Веруваме дека ќе има и други нови откритија“ – било изјавено.
Инаку овој брод датира од времето на Кристофер Колумбо и пружа увид на периодот од историските поморски потфати.
Во текот на истражувањата нуркачите во него пронашле фигура од 250 килограми, но и арсенал оружје (топови, самострели), некои намирници, стакло и други вредности.
Извор: Objektiv.rs