Се работи за тајниот проект под име „T228”, а не станува збор за iPhone.
Марк Гурман од Bloomberg тврди дека Apple ќе има технологија која е подготвена за проширена реалност во 2019 година, а уредот ќе го лансираат една година подоцна. Тој тврди дека новиот уред на Apple има сопствен дисплеј и ќе работи на новиот чип и оперативен систем.
Се верува дека оперативниот систем кој ќе го придвижува овој уред ќе биде базиран на iOS, што е исто како WatchOS за Apple Watch.
„Сè што гледате на пазарот во блиска иднина нема да биде нешто со кое ние сме задоволни”, изјавил Тим Кук во неодамнешното интервју за “Independent”, каде зборувал за плановите на Apple за аугментираната реалност.
Се верува дека прочуената компанија моментално ги истражува „touch” панелите, активирање на гласовната команда преку Siri и движењата на главата кои ќе ги контролираат очилата.
Компанијата Catcher Technology од Тајван наводно изработува делови за очилата Apple VR.
Извор: Telegraf.rs