Компанијата ZeroAvia соопшти дека го извршила првиот тестен лет на авионот што користи горивни ќелии на водород.
Историскиот лет на авионот на хидрогенски погон, кој спаѓа во патнички авиони е извршен минатата недела во Кранфилд, Англија.
„Тешко е со зборови да се опише што значи ова за нашиот тим, но и за сите оние кои се заинтересирани за летови без емисија на гасови. Некои експериментални авиони летаат благодарение на користењето на горивните ќелии на водород како извор на енергија, но поголем дел од комерцијално достапните авиони покажуваат дека патниците наскоро би можеле да летаат со вакви авиони“, соопштено е од компанијата ZeroAvia.
Се работи за Piper авионот од M класа, што има доволно места за шест патници, кој успешно го изврши летото.
Авионот е дел од проектот HyFlyer, што го поддржуав британската влада.
Компанијата ZeroAvia работи и на систем за полнење на ваквите авиони, кој ќе биде поставен на аеродромот Кранфилд.