Експертите предупредуваат дека патувањата со авиони се потенцијални бомби за ширење на коронавирусот. Тие велат дека долгите летови се погодно тло за ширење на опасниот вирус.
Ова го покажува и заклучокот на една студија, преку која е утврдено дека за време на еден лет, од Лондон до Нахој, една патничка заразила 15 други лица во леталото.
Се работи за летот VN54, во кој од први до втори март патувала жена која летала во бизнис-класата. Таа постојано кашлала и имала болки во грлото.
Кога авионот слетал во Виетнам, жената добила висока температура, а потоа била позитивно тестирана на коронавирус.
Научниците го истражиле овој случај и дошле до заклучок дека со коронавирусот се заразиле уште 12 патници од бизнис-класата, двајца од економската класа и една стјуардеса.
За време на летот ниту еден од новозаразените ги немал симптомите. На основа на ова истражување, научниците докажале дека аеросолот може да биде проблем во авионот и дека авионите се плодно тло за масовно ширење на вирусот, пренесуваат австриските медиуми.