WhatsApp има во план нова функција што ќе ја зголеми приватноста на кориснциите. Се работи за самоништувачките фотографии и видеа, што значи дека автоматски ќе се бришат откако примателот ќе ги види.
Ова прв го „пријави“ WaBetaInfo, интернет страница специјализирана за откривање новитети во WhatsApp апликацијата. Иако се уште не е достапна за тетстирање (дури ни за Beta корисниците), фајловите пронајдени во пакетите за инсталација на апликацијата сугерираат дека новата функција би требало да пристигне многу брзо.
Фотографиите и видео-снимките кои исчезнуваат, ќе се бришат откако примателот ќе ги отвори и прегледа, а не кога испараќачот тоа ќе го подеси, како што е случај со пораките на Viber.
Претпоставуваме тоа значи дека не само што ќе бидат избришани од четот, туку нема да бидат сочувани ниту на телефонот. Веројатно ќе постои и иконата покрај фотографијата или видеото, што сугерира дека се работи за „исчезнувачки“ пораки, пренесува TechRadar.
Иако се уште не можете сами да ја тестирате оваа функција, за очекување е многу брзо да се најде во Beta верзијата на апликацијата. За жал, за Apple и за Android сите Beta места се веќе пополнети, па би морало прилично да ви се посреќи да го зграбите моментот, кога некој ќе го напушти Beta тестирањето.