Дали би се определиле за помала цена без основната опрема, или би се одлучиле за поголема цена за која би добиле слушалки и брз полнач?
Првите минатогодишни смартфони што поддржуваа 5G ни покажаа дека мораме да издвоиме дополнителни пари за оваа генерација на уреди за мобилна комуникација. Една година подоцна, компаниите почнаа да произвдеуваат доста подостапни 5G теелфони, а покриеноста на 5G мрежите е подобрена.
Сепак, 5G уредите и натаму се скапи за изработка. Тоа Samsung го докажа со своите Galaxy S20 и Note 20 серии, а токму на нив им недостасуваат поевтини верзии. Дури и малку му недостастуваше на Google да го стопира Pixel 5, бидејќи му беше скап Snapdragon 865 процесорот. Што се однесува до iPhone 12 серијата, голем број аналитичари известуваат дека најевтината верзија ќе чини исто како iPhone 11, иако тоа ќе биде првиот уред на Apple што ќе поддржува 5G мрежа. Сега пристигна нова гласина од Кина дека Apple нема да може да ја задржи цената од 699 долари.
Иако Apple го произведува својот процесор, потребен му е 5G модемот на Qualcomm и 5G антена, што прилично ќе ја подигнат цената на овој уред. Последните извештаи тврдат дека Apple пронашол начин како да ги митигира трошите врзани за 5G, и почетната цена на iPhone 12 да ја сведе на најмала можна. Еден од тие начини се однесува и на дизајнот на батеријата, како и информациите кои тврдат дека iPhone 12 ќе биде првиот смартфон што Apple ќе го продава без EarPods слушалки и брз полнач. Apple минатата недела објави дека Apple Watch ќе биде пуштен во продажба без USB полнач, а оваа одлука ја објасни како потег врзан за зачувување на животната средина.
Дури и покрај тоа, iPhone 12 нема да ја постигне почетната цена на iPhone 11 од 699 долари. Како што се тврди на Weibo, почетната цена на iPhone 12 би можела да изнесув 749 долари, пренесува BGR. На сајтот се истакнува дека производството на уредот пораснало за најмалку 50 долари, благодарение на компонентите како што се 5G модем, OLED екран итн. Оваа цена одговара и на предвидувањето на аналитичарите кои кон средината на јули истакнаа дека iPhone 12 моделот со 6,1-инчен екран ќе чини 750 долари (iPhone 12 со 5,4 инчи ќе чини 650 долари), или 50 долари повеќе во однос на сегашниот iPhone 11. Apple би требало наскоро да ја објави цената на својот нов смартфон на настанот што се очекува во октомври, а веруваме дека ќе откријат и повеќе информации врзани за EarPods слушалките и полначот.