Кина има најмногу војници, Русија најмногу тенкови, а Америка најмодерни сателити. Но, кој има најголема сајбер моќ?
Повторно, одговорот на ова прашање е – САД.
Буџетот на оваа земја за сајбербезбедност за фискалната 2020-та година изнесувал повеќе од 17 милијарди долари, а Националната безбедносна агенција “NSA”, како и нејзината Сигнално разузнавачка агенција, веројатно добиваат повеќе од 10 милијарди долари.
Новиот национален индекс на сајбер моќ на Белфер центарот на универзитетот Харвард, рангира 30 земји според нивото на амбиции и способности, пренесува “Economist”.
Офанзивната сајбер моќ – способноста за нанесување на штета во компјутерски мрежи или преку нив – е едно од мерилата.
Но, исто така се мерат и силите за одбрана на земјата, софистицираноста на нејзината индустрија за сајбербезбедност и нејзината способност за ширење и спротивставување на пропагандата.
Неверојатните размери на американската дигитална шпионажа во 2013-та година ги открил Едвард Сноуден, поранешен вработен во “NSA”, покажувајќи дека агенцијата надгледувала поголем дел од светскиот интернет сообраќај и се обидувала да ги ослаби стандардите за шифрирање.
Извор: B92.net