Вонредна здравствена состојба е прогласена денеска во Њу Делхи откако загушувачки смог се спушти на главниот град на Индија. Мерката беше преземена откако американската амбасада на својата веб-страница објави дека нивото на загадувачките честички, познати како ПМ2.5, достигнаа 703 микрограми на кубен метар, што е двојно повеќе од прагот, а кој изнесува 300, пренесе Гардијан.
„Прогласивме здравствена вонредна состојба во Њу Делхи, бидејќи загадувањето е на алармантно ниво“, изјави за АФП претседателот на Индиската медицинска асоцијација (ИМА) Кришан Кумар Агарвал.
„Властите во Њу Делхи мораат да направат секакви напори за да ја спречат оваа закана“.
Светската здравствена организација во 2014 го класифицираше Њу Делхи како најзагаден главен град во светот, со квалитет на воздухот полош од Пекинг.
Извор: Макфакс