Генетичка компанија тврди дека типот на крвната група е поврзан со ризикот од Ковид-19
Научниците открија како и крвната група може да игра одредена улога во тоа колку тежок облик на болеста ќе се развие кај лице кое ќе се зарази со Ковид-19.
Исто така, откриено е дека луѓето со дијабетес и апнеја (краток периодичен прекин на дишењето за време на спиење) се група со зголемен ризик од хоспитализација.
Овие податоци беа изнесени на виделина со новото истражување на Универзитетот Варвик, а откритието дојде по систематски извештаи од други студии кои ги пријавуваат резултатите од Ковид-19 кај пациенти на кои исто така им била дијагностицирана опструктивна апнеја при спиење. Резултатите беа објавени во научното списание „Sleep Medicine Review“.
A forthcoming study from 23andMe shows that a person’s genetic code could affect how severely they experience Covid-19 — an important confirmation of earlier work on the subject. https://t.co/CE649hb4L9
— STAT (@statnews) September 14, 2020
Едно од истражувањата покажало дека пациентите кои имаат дијабетес и се хоспитализирани поради коронавирус и кои примаат терапија за опструктивна апнеја, имаат 2,8 пати поголем ризик од смрт.
Опструктивната апнеја го зголемува ризикот од смрт за 2,8 пати ако пациентот е заразен со коронавирус.
Проблемот е во тоа што дури 85% од случаите на опструктивна апнеја се всушност неоткриени, односно без дијагноза, а без јасни податоци тешко е точно да се утврди колку луѓе со ова нарушување може да доживеале потешка форма на Ковид-19.
Една крвна група обезбедува одредена заштита од хоспитализација?
Друга група истражувачи откриле дека крвната група има влијание врз ризикот од добивање на коронавирусот. Генетската компанија „23andMe“ тврди дека крвната група е поврзана со ризикот од коронавирус, иако не е јасно колку и дали постојат начини на кои лекарите можат да дејствуваат на тоа.
Blood type may affect COVID-19 outcomes, study shows https://t.co/ksilm7tpyQ #tmc
— K a y l a ?????????✌?? (@autumnlvr_) September 12, 2020
Пациентите со нулта крвна група имаат помали шанси за хоспитализација? Научниците од споменатата компанија ја набудувале ДНК на повеќе од милион луѓе. Повеќе од 15.000 од нив имале позитивен тест на коронавирус, а 1.131 пациенти биле хоспитализирани. Сите собрани податоци ги зајакнуваат доказите за улогата на крвните групи А, Б и О во генетиката на домаќинот на коронавирусот.
„Нашите податоци поддржуваат улога во подложноста на инфекции, што укажува на тоа дека крвната група О е заштитна за разлика од другите“, се вели во нивниот извештај.
Покрај крвната група, далеку поголем ризик е дебелината, што повеќе од двојно ја зголемува можноста за хоспитализација.