Како што Instagram тоа го направи со опцијата Reels, YouТube реши да ја лансира апликацијата Shorts налик на социјалната мрежа TikTok.

Доколку во некој случај не сте запознаени со оваа кинеска апликација, таа е многу популарна и во нашата земја, а со помош на неа можете да ги едитираше вашите видео снимки, кои потоа ги споделувате на мрежата за да ги видат и останатите корисници.

YouTube веќе неколку месеци ја подготвува апликацијата, а сега компанијата ја лансираше бета верзијата на апликацијата.

 

Таа го носи името Youtube Shorts и благодарение на неа ќе можете да креирате снимки во траење од 15 секунди, со додаток на музиката која можете да ја најдете на оваа апликација. Досега во понудата има над 100.000 нумери, а Google пробува да направи соработка со бројни изведувачи, но и издавачки куќи, за да го прошири својот каталог.

Еднаш кога ќе направите снимка по ваша желба, таа ќе се појави на насловната страница на YouТube, но ќе има своја секција по името Shorts.

Youtube планира да привлече што повеќе луѓе да го користат овој додаток, а бидејќи веќе има направено основа, нема сомневање дека тоа ќе им појде од рака.