Кинеската компанија ByteDance, сопственик на популарната апликација TikTok, го извести Microsoft дека нема да го продава американскиот бизнис, а наместо продажба, договорено е партнерство со корпорацијата Oracle.
„BytDance нè известија дека нема да ги продаваат американските операции на TikTok на Microsoft. Убедени сме дека нашиот предлог беше добар за корисниците на TikTok и за заштитата на интересите на националната безбедност“, се вели во соопштението на Microsoft.
BytDance се откажа од продажбата на TikTok во САД, а добро информиран извор за некои американски медиуми изјавил дека кинеската компанија се согласила да соработува со Oracle за да избегне забрана за деловно работење во САД.
Оракл преговара и за преземање на уделот во работењето на TikTok во САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп во август му даде рок на BytDance да го продаде или суспендира американскиот дел од работењето на апликацијата TikTok, или во спротивно кинеската апликација ќе биде забранета во САД.
Поврзани артикли