Научниците од Технички универзитет во Данска развија прототип на уред кој може да ги замени кучињата обучени за пребарување на наркотици и експлозиви. Според научниците, станува збор за еден вид на „вештачки нос“ кој исто така, може да го одреди квалитетот на прехранбените производи, како што се рибата, сирењето или виното само според нивниот мирис.
Развој на новитетот е базирана на принципите на колориметријата. Апаратот го анализира составот на воздухот во затворен простор, по што го покажува резултатот во вид на обоена матрица, а измените се евидентираат на секои 15 секунди. Според промените во бојата во елементите на матрицата, компјутерска програма одредува дали во воздухот се достапни молекулите на едно или друго средство.
Научниците тврдат дека успеале да добијат добри резултати не само во проучувањето на составот на воздухот во некои куфери или торби, туку и во стандардните морски контејнери во кои може да има шверцувани стоки или материјали. Авторите забележуваат дека уредот работи со примероци на воздух во просторот сличен на носот на кучето.
Програмерите се надеваат дека нивниот уред ќе стане популарен и успешно ќе се продава во текот на следните неколку години, така што тие веќе создадоа мала компанија која ќе работи на промоција и продажба на истиот.