Судирот на две многу мали честички може да создаде енергија што е осум пати помоќна од онаа што се создава со фузија.
Барем во теорија. Откритието е направено од двајца физичари кои ја докажаа теорија дека кварковите се најмоќниот извор на енергија, бидејќи како резултат на нивното спојување се одделува енергија, помоќна и од онаа на водородна бомба, пишува изданието Live Science.
Изненадени од разурнувачката сила која овие минијатурни честички ја поседуваат, двајцата автори на истражувањето се запрашаа дали навистина треба да го објават откритие, бидејќи тоа е премногу опасно и има потенцијал да доведе до крај на светот.
Марек Карлин од Универзитетот во Тел Авив во Израел и Џонатан Роснер од Универзитетот во Чикаго дошле до овие заклучоци, при анализа на процесот на спојување на два бариона – честички во чиј состав влегуваат и кваркови.
Формирањето на овие честички произлегува од спојувањето на полесни честички, кое е придружено со одвојување на големо количество енергија.
Бидејќи кваркови не се забележани во слободна состојба, ова откритие се уште нема практична примена. Сепак, научниците постигнаа уште еден значаен наод за време на нивното истражување.
Според нив откритието ја потврдува теоријата дека во вселената постојат одржливи форми на егзотична материја. Резултатите од двата физичари беа објавени во списанието Nature.