Microsoft официјално потврди дека Xbox Series S конзолата ќе биде објавена на 10. ноември, по цена од 299 долари.
Компанијата, исто така, потврди дека новиот систем ќе биде испорачан со „прилагоден 512GB SSD“, поддршка за DirectX Raytracing (DXR), Variable Rate Shading, Variable Refresh Rates и 1440p резолуција до 120 FPS.
Xbox Series S конзолата нема да биде моќна како Xbox Series X моделот, но ќе ги поддржува сите функции од следната генерација. За оние кои не поседуваат 4K TV, Xbox Series S ќе биде достапна конзола. За оние кои веќе имаат 4К телевизор, системот ќе поддржува „4K upscaling“ за игри.
Xbox Series S е за речиси 60 проценти помал од Xbox Series X, а ќе поддржува исклучително дигитални содржини, што системот го прави идеален за Microsoft Xbox Game Pass сервисот.
Моментно не се познати целосните спецификации на Xbox Series S конзолата, но се очекува дека Microsoft официјално ќе ги објави во следниот период.