Уредбата на ЕУ за хомологација и надзор на пазарот на моторни возила, започна да се применува од 1. септември. Европската комисија јавува дека оваа уредба е донесена во мај 2018, а има за цел да направи сеопфатна реформа на досегашниот систем на хомологација и надзор на пазарот.
Со новите правила ќе се подобри квалитетот и независноста на хомологацијата и испитувањето на возилата, ќе се заостри контролата на автомобилите кои веќе се наоѓаат на пазарот на Европската унија и ќе го зајакне целокупниот систем со воведување на построг надзор.
Тиери Бретон, повереник за внатрешниот пазар, изјавил дека граѓаните на ЕУ со право очекуваат да ги возат најчистите и најсигурните автомобили.
„За тоа се потребни строги контроли на автомобилите кои се пуштаат на пазарот и сообраќаат по нашите улици. Комисијата ќе може да спроведува контроли и проверки на автомобилите, и во случај нa кршење на прописите, ќе покрене повлекување на возилото од ЕУ и парична казна до 30.000 евра по автомобил. Тоа е уште еден чекор кон почиста и посигурна мобилност, за што во контекст на кризата се потребни уште поголеми вложувања во инфраструктурата и иновациите. Настојуваме да ја обновиме довербата на портошувачите и да го зајакнеме единствениот пазар, како и да помогнеме во изградбата на одржливоста и глобалната конкурентност на европската автомобилска индустрија“, истакнал Бретон.