Acer ја најави најновата верзија на својот Spin 7 лаптоп во текот на IFA 2020 саемот, а уредот пристигнува со интересно решение. Наместо вообичаениот Intel процесор, новиот модел ќе биде првиот лаптоп со Qualcomm Snapdragon 8cx Gen 2 5G чипсет. Исто така, ова е и прв 5G лаптоп на компанијата Acer.
Однадвор, Spin 7 делува како малку надградена верзија на актуелниот модел, со остри агли и златни акцднти. Хардверските измени се многу позначајни. ARM-заснованиот Snapdragon 8cx Gen 2 процесор значи дека покрај 5G поддршката (mmWave и sub-6 GHz) Acer ветува и повеќедневене работен век на батеријата.
Покрај тоа, Acer додава и активна поддршка за Wacom пенкалото, која нуди 4096 нивоа на притисок и може да се уфрли во страната од лаптопот за да се дополни. Остатокот од спецификациите вклучуваат 14-инчен 1080p IPS панел со Antimicrobial Corning Gorilla Glass заштита, шарка од 360 степени, два USB-C порта и USB-A приклучок.
Доста детали за новиот Acer Spin 7 лаптоп и натаму се непознати, а ова ја вклучува цената и достапноста на уредот.